„Ова е мојата љубов. Човекот на мојот живот. Моето вечно момче и мојата рајска музика во срцето. Цел живот со неговата песна развеселуваше, но и безброј пати помагаше на луѓе кои беа соочени со животни предизвици. Сега е неговиот ред. Сега е нашиот ред. Ни треба помош, оти звуците на љубовта не смеат да згаснат, сега, кога најмногу си требаме еден на друг. Не сакам да го дадам, нема да го дадам! Неговата топла душа е моето скришно, безбедно место, таму не живее темнината, таму има доволно светлина за сто животи и уште еден. Секогаш бев тука за вас и вие за мене. Барајте ме, вие кои знаете колку го љубам, но и вие другите, кои сакат некого и некој ве сака. Овој филм мора да заврши со среќен крај, со ваша и Божја помош, а во моја режија. Мече мое, судбино моја, продолжи да танцуваш со мене! Јас, ти и музиката..“.
Синоќа на фб осамна ова емотивното, топло но полно со верба во луѓе, обраќање на сопругата на Момо Николовски, Валбурга. Некогаш многу популарен Момо, денес се наоѓа на едно од премрежијата во животот, болен е од абдоминален канцер, и му треба помош за понатамошно лекување во Берлин или Истанбул. Време е да помогнеме.
Да, зборовите можат многу, особено кога се чисти како солза и кога во нив има безгранична љубов. Во продолжение го имате бројот на сметката.