10.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Првата дама во пурпурна елеганција на Лидија Георгиева

За отварањето на 60-тото, јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“, првата дама Елизабета Ѓоргиевска носеше децентен, долг лелеав фустан во пурпурна боја, со потпис на модната дизајнерка Лидија Георгиева. Со дизајнот на нашиот бренд, сопругата на претседателот навистина си го запази својот стил, и со овој аутфит ја испрати пораката за супериорноста на домашните дизајнери.
Дизајнот на фустанот е инспириран од античкиот театар во Охрид, како парафраза на драперијата и на кратката и долга туника од класичните драми, ни рече дизајнерката Георгиева.

Лидија Георгиева

Фустанот е обмислен како силуета во два слоја, со асиметрично поставени фалти во горниот дел, а пурпурната боја потсетува на длабоките нијанси на езерото после полноќ. Материјалот е купен во Скопје, а секако и изработката е од домашни мајстори на занаетот. Достоинство, елеганција и модерна класика, во овие моменти специфични за сите нас, овој дизајн беше посебен дизајнерски и занаетчиски предизвик.“

7дена.мк


Фото: Ohrid Summer Festival – ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена