*Одбирање подарок за вашите родители бара вистинска вештина. Сепак, најважно е подарокот да ја има пораката – да ги пресели во времето кога биле млади и многу посреќни. Веројатно затоа голема урамена слика на која ќе се најдат фотографии од нивните најсреќни моменти е вистинскиот погодок!
*Размислете: дали момчето до вас е господинот Вистински или вашата врска има нејасна иднина? Без оглед на неговиот статус во вашиот живот, придржувајте се кон базичното правило: не претерувајте со вредноста на подарокот. Се со цел вашето момче да не добие погрешен сигнал, да не се исплаши и да не избега како мува без глава.
*На непушач или на поранешен пушач немојте да му подарувате цигари или прибор за пушење, зошто тоа би можел да го сфати како провокција.
*Парите, по правило, треба да се одбегнуват како подарок.
*На забавата во вашата фирма, во предновогодишна атмосфера, убаво е да ги израдувате најблиските колеги! Олучете се за хумор во вашиот подарок, но бидете внимателни да не претерате ! Доколку се работи за помлади колеги, пуштете ја фантазијата на слобода и смислете нешто што навистина ќе ги насмее а притоа ќе создаде опуштена атмосвера!