Доделувањето на Influencer Awards 2020 заврши со прогласувањето на победниците во деветте категории на престижниот натпревар, кој по вторпат се одржува во нашата држава во организација на редакцијата на „Убавина и здравје“.
Годинава, тој беше поддржан и од колегите во регионот, кои учествуваа во изборот на најдобрите инфлуенсери на Инстаграм.
Номинирањето на кандидатите се одвиваше од страна на публиката, по што следуваше нивната распределба во категориите Beauty, Fashion, Fitness and Health, Food, Insta Man, Insta Partents, Travel, Art и Entertainment.
Од 15.12. до 17.12.2020 гласаше публиката, а потоа на сцената излегоа членовите на стручното жири, кои гласаа во текот на следните три дена.
На 22.12.2020 (вторник) уредничката на „Убавина и здравје“, Јована Стојменовиќ, преку видеообраќање на инстаграм-профилот @ubavinaizdravje.mk го додели специјалното признание U&Z Heroini.
„Хероина или жена-херој, жена што нe инспирира да бидеме подготвени за поголеми дела од оние на кои сме навикнале да ги правиме во зоната на комфорот. Испраќаме поддршка до сите медицински сестри преку Унијата на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри @zanas.mk. Вие сте наши хероини!“, порача Јована Стојменовиќ во името на редакцијата на „Убавина и здравје“.
Признанието го прими претседателката на Унијата на ЗМСТАС, м-р Гордана Бешлиовска.
Потоа беа претставени членовите на жирито, кое беше составено од домашни и странски влијателни јавни личности –Лила Филиповска, познатата инфлуенсерка од Србија, Дуња Јованиќ, регионалниот моден фотограф Мирко Табашевиќ, Јордан Колевски , маркетинг и онлајн-менаџер во Fashion Group Macedonia, редакцијата на популарниот естраден магазин Backstage, потоа и претставниците на агенциите за медиуми, дигитален-маркетинг и за пиар.
Победниците беа прогласени преку видеоматеријали, а еве кој ги понесе признанијата за највлијателни инфлуенсери: @darkovlogs беше одбран за победник во категоријата Entertainment, @lazarovv во категоријата Insta man, @iv.s.arts___ во категоријата Art, @daveskitchenofficial во категоријата Food, @sandra_kirkov во категоријата Travel, @aleksandrashijakoska во категоријата Fashion, @annstojanova во категоријата Fitness and Health, @kosichmakeup во категоријата Beauty и @aktivnosti_za_deca во категоријата Insta Parents.
Вториот избор Influencer Awards 2020 година, се одржа во многу тешка година за сите нас, во услови на карантин, па веруваме дека претставува една светла точка во морето негативни вести што преовладуваат на социјалните мрежи.