4.8 C
Skopje
сабота, февруари 1, 2025
spot_img

Промоција на вино. Македонските винарии на саемот за вино во Болоња „Slow Wine Fair 2023“

На второто издание на саемот за вино „Slow Wine Fair 2023“ што ќе се случува од 26 до 28 февруари во Болоња, Италија, нашата земја, поконкретно „Слоу Фуд Македонија“ со подршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе претстави 12 мали семејни винарии со 40 етикети на вино.
Овој голем настан е можност да се промовираат автохтоните сорти на грозје, традиционалните и одржливите техники на производство а преку надалеку прочуеното гостопримство да се промовира нашата подготвеност за винскиот туризам.
Домашните сорти на грозје како Вранец, Станушина и Темјаника даваат одлични локални вина и се македонски адути, но винариите ќе се претстават и со меѓународни сорти: Пино Ноар, Мерлот и Каберне Совињон.
Љубителите на виното на саемот во Болоња ќе се запознаат со вината на семејните виинарии: „Наумчеви“, „Мал Св. Климент“,„Клинчаров“, „Цветановиќ“, „Ерос“, „Изворно“, „Јостела винарија“, „Иванов“,„Максимилијан“,„Подрум Параџик“, „Арабеска“и „Сарика“.

Винарија Мал Свети Климент
Регистрирана во 2016 година, „Мал Свети Климент“ настана од чиста љубов и стараст кон виното на Будимир Соколовиќ- Буцо. Лозовите насади, инаку максимално охридски сорти, се наоѓаат во селата Климештани и Мешеишта а годишен капацитет изнесува 6000 шишиња. Неговите вина се самоток (self drained), не се филтрирани туку неколкукратно преточувани. Газда Буцо го потпишува Охридско црно, Памид, Р’кацители, Вранец, Смедеревка, Жилавка а Памид се чува и созрева во амфора од 500 литри, донесена од мајката на виното, Грузија.

Винарија Арабеска
Оваа мала шармантна семејна винарија се наоѓа во кавадаречкото село Сопот а во склоп на истата има и подрум каде гостите ги дегустираат вината. Инаку, виното е произведено од сопствени лозови насади со капацитет од 10.000 литри.

Винарија Наумчеви
Ѓорѓи Наумчев кошаркашката кариера ја заменил со винаријата, семеен аманет на неговите претци. Наумчеви постојат 20 години и се меѓу првите винариа што создаваат вино од македонската сорта Станушина, но во неговиот асортиман ги има и интернационалните сорти Темјаника, Шардоне, Траминец, Каберне Совињон и Сира а Вранецот е единствената регионална сорта во неговото портфолио.

Винарија Максимилијан
Оваа винарија од село Пепелиште- општина Неготино, има сопственост на 1.5 хектари на лозов насад и 5 000 литри производство на годишно ниво, а од 2019 година и официјално е регистрирана како мала семејна винарија. Со нивното вино Кабарне Франк „Максимилијан“ имаа признание на балканско натпреварување на BIFC.

Винарија Сарика
Mалата семејна винарија на Гоце Станоески од Прилеп е регистрирана три години и
има капацитет од 5 600 литри вино а лозовите насади се наоѓаат на надморска височина над 730 метри. Гоце ја следи семејната традиција а чекор плус е развивање на винскиот туризам во неговиот град.

Винарија Подрум Параџик
„Подрум Параџик“ изворно беше вино за семејни потреби кај лозовите насади во селото Моклиште, но Блаже Параџик како енолог почна професионално да се занимава со квалитетот на вината Темјаника, Смедеревка и Вранец. Нивниот годишен капацитет изнесува 5 000 шишиња со тенденција за уште поголемо растење.

Винарија Ерос
Сашко Андов и татко му Душко се посветени на органско производство на божјиот пијалок а вистинска атракција е берењето грозје на полна месечина откаде и името на виното П&#39- освежително, нефилтрирано вино што изобилува во ароми и вкусови на сок од бозел и цитрусно овошје. Сашко од самиот почеток е и дел од Президиум Станушина – најстара, најиздржлива сорта во нашето виногорје.

Винарија Клинчаров
Како четврта генерација на винари Клинчаров ја продолжуваат семејната традиција, а веќе три години се официјално регистрирана семејна винарија.
Посебна приказна е Станушина што ја одгледуваат повеќе од половина век а во нивната винарија можат да се најдат Темјаника-Ултима, Ризлинг, Мома Ресавка Станушина, Розе и Вранец.

Винарија Јостела
Венера Гелебашева Крстиќ е енолог која смета дека жените полека но сигурно стануваат фактор во лозарството и производството на вино. Своето прво вино го направила во домашни услови уште пред семејно да имаат свои лозја и винарија.
Нејзината гордост е „Куве барик“.

Винарија Изворно
Ова е мала, престижна семејна винарија оформена во раните осумдесети години на минатиот век, сместена во уникатни предели на Врановското поле во велешкото виногорје. Во винаријата Изворно, виното се произведува рачно со што се задоволуваат вкусовите на деликатесно истенчените вкусови на најпробирливите и добрите познавачи на вино.

Винарија Иванов
Винаријата Иванов од Кавадарци ги создава заводливите сорти со нивниот потпис на „Темјаника“, „Куве Бело“, „Розе“ од станушина и „Куве црвено“. Помалку е повеќе и -многу страст во секоја капка вино- е нивното мото, бидејќи се насочени кон високиот квалитет.

Винарија Цветановиќ
Лозовите насади се наоѓаат во селото Криволак кај Неготино а високиот квалитет на нивното вино се темели и на поволна надморска висина од 150-200м.
Цветановиќ произведува 4 сорти на Вранец, Рајнски ризлинг, Темјаника и Смедеревка- со одлично избалансиран мирис и вкус.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена