Ретро вкус. Јаболко од нашето детство
Потребно е:
– 6 јаболка со средна големина
– 250 г шеќер
– 100 мл вода
– 30 г путер
– 2 лажици мед
Измијте ги добро јаболките и во секоја од нив боцнете дрвено стапче.
На тивок оган загрејте ги шеќерот и водата и мешајте се` додека не се раствори. Додајте ги путерот и медот и оставете да врие околу 5 минути.
Потопете го секое јаболко во мешавината од шеќер и внимателно поставете ги на хартија за печење за да може да се излади глазурата и да се стврдне.
Коментарите се затворени