Њоки по ваш вкус
Потребно е:
– 500 г њоки
– 250 г спанаќ или доматно пире
-150 мл павлака
– 75 г пармезан
– две чешниња лук
– маслиново масло
– мускатно оревче
– сол
– црн пипер
Загрејте го маслиновото масло во сад и пропржете го исечканиот лук.
Додајте го спанаќот и динстајте додека не омекне. Оваа мешавина иситнете ја во блендер, па додајте ја павлаката, солта, црниот пипер и малку мускатно оревче.
Сварете ги њоките според упатството, исцедете ги и измешајте ги со сосот. Доколку не се одлучите за спанаќ, смешајте доматно пире, и додадете босилек.
Префрлете ги њоките во огноотпорен сад, посипете го остатокот од пармезанот и доколку сакате- потпече во рерна. Втората и повообичаена варијанта е да ја сервирате со сосот.
Коментарите се затворени