10.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Рецепти со лук

Освен што е незаменлив во разноразни додатоци, макала и пинџур, лукот можете да го користите како намаз во комбинација со домат, спанаќ или наут.

Запечен лук
За убаво испечен лук, потребни ви се неколку главички на кои ќе им го исечете врвот. Ќе ги наросите со сол и омилена мирудија- оригано, бисилек и сл. Потоа, ќе капнете од маслиново масло и така подготвениот лук ќе го завиткате во фолија и ќе го печете во рерна околу 40 минути на 200 степени. Готов е кога е мек во средината.
Вака подготвениот лук може да се употребува две недели, доколку го чувате во фрижидер.

Намаз од лук
На маслиново масло и путер, внимателно се пропржува ситно сечкан лук. Внимавајте, бидејќи лесно може да загори.
Откако ќе го тргнете од рингла, додадете малку крем сир или пармезан, сол по желба а на располагање ви се и магдонос и босилек. Намазот е готов, и со него можете да мачкате лепчиња, кои потоа на две- три минути ќе ги запечете во рерна.


Доколку сакате „салама“ од лук и спанаќ, ќе додадете 200 грама обарен спанаќ и ќе ја повторите постапката. Во тој случај, ќе користите само сол без мирудии и крем сирење. Смесата ја обликувате по желба, ја виткате во фолија и ја ставате на неколку часа во фрижидер.

7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена