Музичарот Ристе Тушевски, познат како виртуоз на хармоника, стана советник за култура на градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов. Приоритетот на Тушевски, како што не информира е воздигнување на валандовската култура и секако, фолк фест „Валандово“.
– Моето родно Валандово е корен на новосоздадената песна, а јас како советник ќе ги негувам тие валандовски традиции, ќе ги обработам и пласирам, сакам надалеку да се чуе за нашиот убав и распеан град. Ќе градиме нови балкански патишта во музиката а валандовската култура ќе ја збогатиме со нови стилови и нови фолк елементи- ни изјави новиот советник за култура, Ристе Тушевски.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени