Сакате да го подмладите организмот? Еве како
Постојат одредени намирници кои влијаат врз освежување на телото и негово подмладување. Еве дел од нив…
*Бета каротен – го има во морковите, доматите, кељот, спанаќот, блитвата и кајсиите
*Црвено грозје и зрнесто црвено овошје се одличен енергетски извор
*Интегрални житарки – во предност се над рафинираните, но секако треба да се нагласат и малку подзаборавените хељда и овес
*Јаболка – одличен извор на витамини, минерали, влакна и овошни киселини, го подобруваат варењето и го зајакнуваат имунолошкиот состав
*Мешункасти плодови – имаат ниска калориска вредност, а помагаат и во зачувување на оптималната телесна тежина, добри се против дијабетес и малигни болести
*Месо од дивеч – сиромашно е со масти, богато со влакна и железо во однос на други видови месо
* Козјо сирење и млеко, посебно младо сирење, јогурт и кисело млеко, се сметаат за заслужни за квалитетот на коските, а ја одржуваат и рамнотежата на цревната флора
*Риба – богата е со омега-3 масни киселини
*Селен – ќе го најдете во пивскиот квасец, цели житарки, ореви и морски плодови
*Семки и јаткасти плодови – извор се на алфалиноленска киселина која ги намалува воспаленијата и го намалува нивото на масти во крвта
*Витамин Ц– побарајте го во јужното овошје, јаболка, црна рибизла, компири и црвени пиперки
*Витамин Е – го има во авокадото, оревите, бадемите
*Чај и вода – чистачи на организмот со кои се отстрануваат штетните материи
Фото- pexels
Коментарите се затворени