8.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Сале СРВ, прв меѓу рокерите ја опеа короната: „П(л)андемија“

Корона пандемијата го закочи светот речиси една и пол година, менувајќи ги нашите секојдневни навики и правила на животот. Новото „ненормално“ стана „нормално“, а во сиот тој хаос на борба со невидливиот непријател кој зацрни многу човечки судбини, меѓу најпогодените еснафи беше музичкиот, или поточно- естрадата, која ниту денес не може да се опорави, да тргне од „лер“ и да се врати на своите стари позиции.
Но, во сиот тој метеж со чумата на 21-от век, некои естрадни уметници Ковид-19 го искористија како инспирација за кретаивно творештво. Преработки, кавери на познати стари странски и домашни хитови со нови стихови или сосема нови и оригинални музички теми, се дел од новото творештво на старите мајстори во „новото нормално“. Кога веќе не може да се свири и настапува, тогаш барем може да се компонира и снима.
Еден од оние на кои корона пандемијата им ја поттикна инспирацијата е и македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ. По последните евторски песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, Сале има нова авторска песна, инспирирана токму од актуелната светска корона криза, насловена како „Пландемија“.
Автор на музиката и стиховите е самиот Сашко Сале Андриески, додека аранжманот го изработил Драган Ристовски – Д.Р.Д. медиа, во чие студио ипродукција е снимена и песната.
Интересно е што сале како човек кој работи и соработува со големите музички имиња од регионот, по дуетот со Бора – Чорба, соработката со Зеле Липовача од „Дивље јагоде“ и Ален Исламовиќ, и на оваа песна има познат специјален гостин, кој овој пат ги отсвирел гитарските соло делници во песната, а во прашање е некогашниот гитарист на „Амадеус бенд“, Милан Кордулуп.
Песната исто така има две верзии – на македонски и српски јазик. Македонската верзија е веќе промовирана, додека српската ќе биде пуштена наскоро.
За двете верзии е снимено и промотивно видео во студиото на Д.Р.Д. медиа, кое го изработил Драган Ристовски.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена