Кога ќе ја слушнете „I Know“ па и кога ќе го изгледате спотот, гарант ќе посакате да го повторите. Звучи моќно, изгледа светски а идеен творец на музичката приказна е Александар Масевски, (композитор, аранжер и продуцент на композицијата) и секако – Андреа Коевска.
Таа има 19 години, девојка на ова време со фантастични гласовни квалитети и студент на Музичката академија. Тоа значи – одличен старт за новото име во музиката.
Ќе го спомнеме Огнен Шапковски и „Мелем продукција“, потписници на видео – записот, додека стиховите се заедничко дело на артистот и композиторот.
Запомнете – Андреа, и доживејте ја „I Know“ на свој начин.
Коментарите се затворени