28.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Сите Маротови во „Сплотеност, љубов и мир“

Порака до сите луѓе на планетата, во баладата натопена со емоции „Сплотеност, љубов и мир“ е семеен ангажман на Маротови. Патем, песната беше еден од кандидадите за Евровизија, но, не помина на конкурсот и сега го следи својот пат: полека но сигурно допира до слушателите и бескопромисно ги брани адутите врзани за човечноста и припаѓањето. Ја изведува квартетот „Four M“, по нашки: 4 М, каде членуваат Баже, Јуле, Лена и Бојан Маротови.

– Песната настана по иницијатива на Цане Трајчевски, кој сакаше да учествувам како кантавтор на конкурсот за Еуросонг 2022- ни раскажа Баже. – Ме праша за каква тема би сакал да правам музика и аранжман. Имав желба да се пее за сплотеноста на луѓето во светот, за поврзаноста и многу бргу Цане направи текст. На тоа се надоврза идеа, дека и темата е таква, да ја отпееме ние четворицата… Смислено сторено. Јуле, Лена и Бојан ја слушнаа песната, им се допадна и бргу, и покрај тоа што Бојан беше болен, ја снимивме… Се наредија коцките а пораката на крајот на песната „љубов и мир“ ја испрати малиот Габриел.
Стиховите ги прати и видео записот: спотот е дело на продукцијата „Валови“ каде работиме јас и Лена. Од моментот кога ја испеавме, песната веќе патува и навистина шири љубов- заврши Баже.
„4 М“ верува дека ќе допрат до сите кои во себе носат љубов, до луѓето црни, бели, жолти.., од целиот Универзум..

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена