4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

„Скопски боеми“, учесници на „Охрид-фест“: Будење од Ковид сонот

„Охрид-фест“ се случува во вистинско време, по неколкумесечната општа социјална апстиненција. Што да очекуваме од „Скопски боеми“ годинава?
– Настапот на „Охрид- фест“ за нас пред се е будење од сон кој трае неколку месеци. Покрај настапот, за нас тоа ќе биде едно меѓусебно дружење – со протокол. Се на се, одлична идеја за одржување на фестивалот во ова време- невреме. Ја изведуваме песната „Љубовта е скапа играчка“ на Петар Кан, Огнен Неделковски и со аранжман на Цане Петров.

Заштитен знак на групата е ведрина, позитивна енергија… Како со сите тие класификации го поминавте периодот на пандемијата?
– Како и сите и бендот беше без ангажман, во домашна атмосфера со повремено дружење и пеење на фб. Тоа не е тоа, но сепак требаше да не има, макар и „онлајн“.

Колку ги сакате фестивалите? И колку се тие добри за промоција на песната?
– Не сме некои јаки „поклоници“ на фестивали поради викенд- обврски со свадбени церемонии а повеќето се случуваат баш во тие денови. Но, да се пофалиме дека на секој фестивал си одиме со некоја награда..Валандово- прво место од публика, во Охрид една година бевме победници а на повеќето фестивали добиваме награди за сценски настап.
Да заклучам, фестивалите се потребни за да бидеш виден, да те запознаат оние што не те знаат.

Ова е време на неизвесност за сите, но да се надеваме на најдобро. Во тој контекст- имате ли планови за претстојниот период?
– Не очекува „Тумба фест“ во септември, започнуваме со „Мерак меана“ на Сител тв, каде бендот е задолжен за музиката, да ги прати солистите, Трајче Толевски- Мајка е водител на емисијата и навистина ја одржува атмосферата во студиото…Ќе биде уште подобро, допрва не чекаат обврски и будење од Ковид- сонот.
7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена