4.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Славенички концерт на „Синтезис“ во среда на плоштадот „Мајка Тереза“

Славеничкиот концерт на групата „Синтезис“ по повод 25- годишниот јубилеј од артистичката кариера ќе се одржи на 23 септември, среда, на Плоштадот Мајка Тереза (плато пред МОБ), со почеток во 20 часот.
Специјални гости на коцертот ќе бидат Влатко Стефановски и Наум Петрески.
Нашата најпозната и најплодна етно- група Синтезис во изминативе 25 години имаат одржано повеќе од 500 концерти на сите континенти и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали.
Синтезис се најголемите амбасадори на македонската музика во регионот и ширум светот. Од своето основање во 1995 година, Синтезис се чувари на македонската традиционална музика, и нејзини оплеменувачи со нови музички форми и елементи. Групата има издадено осум албуми и има соработувано со најпознатите македонски музичари како што се Влатко Стефановски, Тоше Проевски, Наум Петрески и Борис Трајанов, како и со познати балкански имиња меѓу кои се Биља Крстиќ и Бистрик.
Генерален спонзор на концертот е долгогодишниот подржувач на Синтезис, Комерцијална Банка АД Скопје, а концертот е подржан и од Министерството за култура и Град Скопје.
Концертот ќе биде одржан со почитување на протоколите за организирање на настани во време на пандемија од Covid 19 а билетите во строго ограничен број по цена од 200 денари се пуштени онлајн и на сите продажни места на Купи Карти За Се.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена