Славен Кнезовиќ на „Охрид фест“: Ви го носам морето во Македонија, со песната „Море није дало“
Славен Кнезовиќ, познатиот музичар од Црна Гора учествува на Интернационалната вечер на „Охрид фест“, што ќе се случува на 11 септември. Со нетрпение го очекува фестивалот, го знае импулсот на нашите луѓе, а неговите музички почетоци се токму тука, од Македонија…
Постојат многу работи во кариерата на Славен на кои може да биде горд, но песната „Заувјек моја“ е заштитен знак на неговата авторска работа во доменот на забавна музика.
За некој ден се гледаме во Охрид, со која песна настапувате на фестивалот, и што ви значи средба со македонската публика?
– Фестивалите се голем предизвик за секого кој презентира, особено доколку е со интернационален карактер. Со македонската публика се познавам уште како дете, од далечната 1980 и некоја, кога учествував на фестивалот „Златно славејче“со песната „Хајде да се дружимо“ настапувајќи пред преполната, легендарната Универзална сала. Сеќавањата не бледат, напротив, како да беше вчера.
Во бившата Југославија, секогаш се спомнуваше една максима поврзана со музикалноста на народот, а со самото тоа и на публиката: Во Босна не се обидувај да пееш, во Србија да играш, а во Македонија не пробувај ниту со едното ниту со другото…
На „Охрид фест“ ќе се претставам со поп- композиција со медитерански жанр „Море није дало“, чии автори се: на текстот Момчило Зековиќ- Зеко и авторот на аранжманот и музичкиот продуцент во чие студио се снимаше, Сенад Дрешевиќ од Music Studio Dresevic.
Авторскиот потпис во песната „Заувјек моја“, со која групата No Nejm бо 2005 година ја претставуваше Црна Гора на Евровизискиот музички спектакл во Украина, се чини е вашиот заштитен знак. Оваа песна со музика и слика на величенствен начин го преставува раскошот на Монтенегро.
– „Заувјек моја“ е мојата гордост и заштитен знак на мојата авторска работа во доменот на забавната музика со која групата „Но нејм“ го освои високото 7-мо место на јубилејно 50. Евровизиско издание а јас како композитор добив награда за најдобра и најоригинална композиција. Од Балканот таа награда им припадна на Жељко Јоксимовиќ и Владимир Граиќ.
Искрено, како и секогаш сметав дека на Европа треба да се претставиме со својата традиција, култура и етно мелос и бев во право! Исто така и видео спотот ги прикажа најубавите црногорски локации и ја наслика Црна Гора убава каква што навистина е.
Со оглед на тоа дека во создавачките фази имате најразлични циклуси, што уште би издоиле од вашата кариера?
– Како автор создавам најразлична музика, од детски жанр до класика. Како интерпретатор сум добитник на многу награди и признанија. А како инструменталист (виолина) остварував многу запазени настапи и концерти ширум Европа и светот. Бев и прва виолина на синфонискиот оркестар на Црна Гора.
На виолината активно и се враќам годинава и работам на инструментален албум каде ќе се најдат моите најубави, ама и најубави традиционални композиции на Црна Гора. Инструменталната музика е уште поуниверзална и се чини станува уште попоуларна во ова време на светската музичка сцена.
Првата од 10 планирани музички инструментали на виолина на јавноста и ги презентирав на 13 јули. А годинава, го промовирав видео спотот како вистинска музичка разгледница на Црна Гора, преку слика и со звук.
Живееме во неизвесни времиња и малку е тешко да се прават долгогодишни планови. Сепак, што професионално планирате во покус временски интервал?
– Изработка и презентација на инструменталниот албум „Заувјек моја Црна Гора“ Forever mine Montenegro, со 10 најубави црногорски композиции со нови аранжмани, поткрепени со видео спотовите.
Вања Тодоровска
Коментарите се затворени