Со фантастична изведба на „Ти“ од Александра Ковач и „Пази се“ од филмот „Јужен ветер“, Славица Ангелова оствари огромен успех и се пласираше како единствена претставничка на Македонија во финалето на „Ѕвездите на Гранд“.
Вечерва, сабота, 24 јуни, резервирајте си го терминот 21 часот на Сител тв за заеднички да ја бодриме нашата Славица Ангелова, во финалето на „Ѕвездите на Гранд“.
Нашата Славица под менторство на Ѓорѓе Давид, успеа да се пласира меѓу најдобрите во најгледаното музичко шоу во регионот, а сега ѝ е и повеќе од потребна нашата поддршка за да се искачи на врвот!
Финалето ќе се емитува во живо, на Сител ТВ, а публиката ќе има можност да гласа по смс пораки, според инструкциите што ќе бидат објавени во емисијата.
За Славица секоја ваша поддршка е од големо значење.
Да ѝ ја дадеме сите заслужената поддршка!
Огромна благодарност до пријателите и соработниците без кои ова патување до врвот нема да биде комплетно:
–Елена Лука, светска, а наша – најпознатиот македонски моден бренд кој создава модна магија на сцена!
-Тандемот Ана Нага и Hair gallery by Alex – за секогаш уникатните шминка и фризура
–Ѓорѓе Давид, најдобриот и најпосветен ментор, за целата максимална поддршка и секоја научена лекција.
Вонсерискиот глас на младата струмичанка Славица Ангелова, која паралелно е и студентка на медицина, ја однесе на најголемите регионални сцени и не требаше многу време за да стане миленичка на балканската публика. Ја запознавме како талентираното девојче кое блесна на детското талент шоу „Неке нови клинци”, за низ годините да созрее во вистинска голема надеж на регионалната музичка сцена, настапувајќи и на сцената на светското шоу „The Voice”, а сега е актуелна со големиот успех што го остварува на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд” каде веќе се пласираше меѓу најдобрите и успеа да стигне до самото финале, под менторство на Ѓорѓе Давид.
На нејзиното музичко патување на големите регионални сцени, секогаш изгледа беспрекорно и светски благодарение на долгогодишната соработка со етаблираниот моден бренд Елена Лука.
Нејзиното време допрва почнува!