5.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Сланинијада 2024 во Качарево: Гаврилоски шампиони!

 

Во многуте категории на 37-ма по ред Сланинијада во Качарево: најдобра, најдебела, најдолга, сланина од мангулица…, првата награда за „најдобра сланина од странство“ ја доби нашиот Дамјан Гаврилоски, чии сувомеснати производи, сведочиме со години, се најдобри во регионот.
Манифестацијата „Сланинијада“, царството на сланините е попопуларна на сите делови од планетата а годинава беше посетена од екипите на Франција, Белгија, Германија, Унгарија, Мексико, Аргентина, Шпанија, Босна, Црна Гора, Хрватска и секако нашата земја, која благодарение на Гаврилоски, стана нивниот голем адут.

-На Сланинијада во Качарево традиционално сме присутнии со години: станува збор за огромен настан подржан од огромен број на посетители, домашни и странски гости- раскажува Дамјан, инаку член на Слоу фуд Македонија. „Во силната конкуренцијата во Качарево, каде и самото учество е своевиден престиж си дојдовме со полни срца: првата награда за странска сланина за нас е големо задоволството, бидејќи нашата сланина е препознаена како екстра квалитетна. Производството ни е поразлично од месните индустрии- не користиме никакви адитиви и додатоци за вкус, се работи рачно, долготрајно, внимателно, па и мераклиски и затоа производот е поинаков и поквалитетен од индустрискиот… “
Да потсетиме: „Сланинијада“ во Качарево, Србија, најголема манифестација во регионот беше посетена од 150 000 гурмани, кои дојдоа да купат вистинска домашна сланина.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена