24.8 C
Skopje
четврток, март 13, 2025
spot_img

Слободанка Танева и 4UBAND ја преработија „Када ме дотакне“ на Парни ваљак

Слободанка Танева го имаше своето деби на „Макфест“ со „Рам дам дари дам“ на Ѓорги Крстевски, што беше инспиративно, а убавите коментари, желбата за пеење ја предизвикаa на уште еден чекор.
– Помина време, и многу спонтано се случи соработка со групата 4UBAND, кои се од Кавадарци исто како и јас. Момците имаат една авторска и 5 „coveri“, препеани песни, и еве сега оваа со мене: „Када ме дотакне“ на култниот бенд „Парни ваљак“. Се одлучивме за оваа композиција затоа што ни е омилена. Сметавме дека можеме да ги изнесеме емоците и совршено да се вклопиме – раскажува Слободанка.
Членовите на групата се Борис Грков- гитара, Борис Илов- гитара и пеење, Оливер Миленковски-тапани, а придружбата на бас гитара е од Орце Павлов.
Песната е снимена во студиото на Столе Аврамов а видеото во Винаријата Royal Queen Maria.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена