8.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Слоу Фуд Водно и ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“: Подготвена муниција за акцијата „Фрли цветна бомба“

Во пресрет на најавуваната пролетна офанзива „Фрли цветна бомба“ на Слоу Фуд Македонија, планирана за првиот ден на пролетта, Слоу Фуд Водно одржа работилница во ОOУ „Христијан Тодоровски Карпош“.
Со здружени сили, заедно со вредните ученици од 3б оделение се правеа цветни бомби што ќе бидат фрлани од скопското Кале.

Во забавна атмосвера децата дознаа многу работи за целта и мисијата на Слоу фуд, за животот на планетата поврзан со пчелите и убавините на природата.
Секако, најважната работа беше да се демистифицира идејата за подготовка на цветните бомби, нивното влијание врз природата и биодиверзитетот.
Во вторник, на 21 март, на стартот на најубавто годишно време, предвидено е „бомбардирање“ со цветните бомби од скопското Кале.
Во инспиративната акција „Фрли цветна бомба“ се вклучени и Слоу Фуд Охрид со децата од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и Слоу Фуд Прилеп со учениците од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп.


Слоу Фуд Охрид


ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена