Со храна против алергии
Кивање, шмркање и други нарушувања се карактеристика на пролетните алергии. За среќа, со помош на храната можете да го зајакнете организмот и да ги ублажите овие непријатни симптоми.
Брокула, зелка и карфиол
Брокулата, зелката и карфиолот помагаат во отпуштање на синусите, а изобилуваат и со витамин Ц, кој се смета за чувар на доброто здравје. Истражувачите открија дека 500 мг витамин Ц дневно може да ги ублажи симптомите на алергија. Во 100 г брокула се наоѓаат дури 90 мг од тој вреден витамин, па секако вреди да се вброи во менито.
Зелен лисест зеленчук
Кељ, праз, зелена салата, блитва и спанаќ изобилуваат со фитонутриенти, а особено каротеноиди кои го зајакнуваат имунитетот. Освен намирниците, консумирајте ја и водата во која се вареле, како база за подготовка на друга храна и на тој начин дополнително зајакнете го својот организам пред сезонските настинки и алергии.
Кромид и лук
Белиот и црвениот кромид се богат извор на биофлавонидот кверцетин кој дејствува како природен антихистаминик, односно лек за алергии. Јадете го во природен облик, а може да се послужите и со суплементи.
Целер
Целерот е намирница богата со витамин Ц, кој ги ублажува воспалителните процеси во телото, а освен што е одличен сојузник против алергии, ги намалува крвниот притисок и хроничните болки. Без оглед дали го преферирате сварен или суров, целерот не ги губи своите волшебни својства со термичката обработка.
Коментарите се затворени