Chef Светлана Цеца Димовска: Лиснати кифлички со кисело млеко
Потребно е: 1.400 гр. брашно
9 лажици кисело млеко
2 јајца
250 мл масло
2 коцки квасец
4 кафени лажички сол
2 кафени лажички шеќер.
Тестото се меси убаво, но внимавајте, не треба да стасува туку да се размесува на набрашнета даска. Потоа се дели на 16 топчиња кои се расукуваат, секое посебно. Се премачкуваат сите кравајчиња освен последните две.
Од 16 топчиња се делат по 8 кравајчиња на две места, се расукуваат првите 8 и се формираат кифлички. Всушност, обликот го одбирате сами, можете да правите триаголници, да ставате фил…
Готовите кифлички стасуваат 1 час на собна температура, се премачкуваат со јајце, се прскаат со сусам и се печат на 250 степени половина час.
7дена.мк
Коментарите се затворени