8.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Среќно време за Татјана

Неодамна излегоа фотографиите на нашиот интернационален модел Татјана Јанушева за модниот магазин Collector. Токму за ова престижно модно списание Јанушева ги представи новите колекции на модните гиганти Prada, Gucci, Sportmax и Alexander McQueen, стилизирани од тамошниот тим.
Дека е ова навистина супер период за Татјана сведочи и податокот дека таа направи сериозен пробив во светскиот моделинг со последната кампања за брендот Miss Sixty.

Инаку, кариерата на интернационален моделинг таа ја започна во соработка со JS’ Management од Белград, под водство на фантастичната Јелена Ивановиќ. „Тоа беше сосема очекувано бидејќи нејзината убавина и совршените пропорции едноставно се вклопуваа во модните побарувања за интернационални модели- велат од матичната агенција Моделс Ин Менаџмент.
Во моментов Јанушева се подготвува за новата сезона во Милано каде има договор со една од најдобрите свестки модни агенции – NEXT Model Management.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена