После неколку месечната работа заврши комплетната работа поврзана со првиот поп- сингл „Срцето мое тука чука“, на Никола Зацески, на музичката јавност познат и како оперски пејач.
За реализација на својот прв поп- проект тој состави врвна екипа на професионалци од Македонија и Австралија – продуцент и миксинг: Николче Мицевски, текст Весна Малинова.
-Многу успешно и со преголема енергија се заврши комплетното снимањето за мојата прва песна и спот во Австралија и Македонија. Со нетрпение чекам да го споделам со вас проектот, составен од врвни професионалци. Се надевам дека ќе успее да допре нашата порака, со една цел: љубов, среќа, радост, убавина.
Несебично и со огромна посветеност Никола подржува огромен број на хуманитарни концерти во Македонија, Австралија и целиот свет и станува водечки член на „Игри без граници“, организација посветена на создавање и организирање настани од хуманитарен карактер, со цел подигање на свеста и обезбедување на финансиски средства за децата во Македонија и светот.
Во февруари 2020 година во Мелбурн, Никола комплетно ја креира програмата за хуманитарниот настан „Насмевка за овој свет – Насмевка за едно дете за овој свет“. во спомен на животот на неговиот идол, Тоше Проески.
7дена.мк