Стил. Вашиот фустан е вашата втора кожа а „фирмата“ сте вие
Вчера разговарав со една моја пријателка: натенане ги развлекувавме мислите и зборовите, се додека не ми рече- „ видов „твои“ фустани, од прв до последен толку личеа на тебе, што не можев да се воздржам а да не ги сликам.“
Веднаш се исправив од овој „случаен“ комплимент. Да, така го разбрав зошто веќе одамна мојата облека – сум јас, и драго ми е кога тоа го забележуваат моите луѓе.
Така е со сите жени што ги знам- не робуваат на предрасудите чудно доведувајќи ги годините и облеката во врска, напротив. Не ги пратат слепо трендовите, како што имаат сопствени мисли и идеи, така имаат и личен белег во облеката, го имаат својот стил.
Одамна е надмината константата дека облеката не го прави човекот, но никој не може да порекне дека токму тоа што го имаме на себе е она што го имаме – во себе.
Во ова размислување се оди и подалеку – една од женските омилени „чистачи на душата“, Џенифер Баумгартнер забележува дека со облеката откривате и повеќе одошто сакате.
Вашиот шкаф е лична, волшебна кутија, сите кошули, здолништа, маички, патики, чевли, бои, модели…, сето тоа зборува за вашите мисли, размислувања, чувствата, вашата гардероба е вашето второ јас.
Да се поседува стил значи да се има идентитет, сопствен белег, препознатливост и најважното – да знаете да го носите она што сте си го одбрале.
Вашиот фустан е вашата втора кожа, зошто „фирмата“ сте вие..
Облеката кажува се, за оние што знаат да ја читаат.
Вања Тодоровска
Коментарите се затворени