За Сузана Спасовска и музиката и зборовите имаат големо значење – се врзува за нив затоа што ја толкуваат и ја раскажуваат интерната лириката и секогаш одново ја создаваат.
Сузе е особена по неколку работи: по талентот, оригиналноста, искреноста и по следењето на внатрешениот глас што го вклучува зеленото светло да биде поинаква, ама своја…. Од времето на нејзината мегапопулатност во 90-тите години на минатиот век, помина многу време, потекоа реки од зборови и приказни. Токму тие 35 години присутност на музичката сцена, на кажаното и премолченото, беа предизвик за „Приказна“.
Всушност, овој проект е надградба и комплетирање на проектот од 2017-та година, 6 компакт диска, дигиталната и печатена музичка монографија.
„Приказна“ е уникатно издание и по содржина и по „лик“ не само во Македонија, туку и пошироко.
Проектот е составен од ЦД со 19 нумери,УСБ КЛУЧ со 19 нумери од цд-то Приказна, 35 хитови, дигитална музичка монографија и сингл „Да сум бистра вода“. Касета „Приказна“ -19 нумери и УСБ (64гига) со севкупната 35 годишна кариера, промотивно за колекционери…
– Со овој проект одбележувам и заокружувам време на творење и битисување во овие 35 години, раскажува Сузе. – Инаку, се случија различни музички приказни, различни стилови со изворни и модерни аранжмански видувања и изведби, различни сценски претставувања од нашата најубава македонска носија до екстравагантно и впечатливо сценско претставување за кое публиката вели дека сум чекорела пред времето. Приказни низ многубројни видео записи на љубовни, свадбарски, весели и ороводни песни, родољубиви, песни со уметнички израз, самостојни концерти со многу музички хитови но и поинакви изведби- опера, кинеска музика, потоа, 21 турнеа со многубројни концерти низ Австралија и насекаде низ светот кај нашите македонци. Сета таа разноликост ја има и во содржината на проектот .
Идејното решение, дизајн на омотот на Приказна е на Дејан Величковиќ а илустрациите се на Сара Петковска. “
Хероината на фолк музиката вели дека најголемата желба на уметникот е да остави трага во времето со делата кои ќе бидат патека за идните генерации.
Токму така, патиштата со Приказна ја остварија целта.
Вања Тодоровска
Коментарите се затворени