Сузе Турунџиева: Цвет како благодарност за сите од Клиниката на Онкологија
Со години Клиниката за онкологија се грижи за моите најблиски, и многу често ги посетувам.
Денес посакав на целиот персонал да му се заблагодарам и да ги поздравам. Кафе, чоколади и виски, она што вообичаено се носи, ми беа неинтересни за да го покажам мојот гест на благодарност. Одбрав на целиот персонал да им подарам по едно пролетно цвеќе, и да им се заблагодарам за тоа што со нивната несебична заложба и посветеност успеале да им го олеснат и разубават животот на многу пациенти кои за жал не успеваат да ја извојуваат битката со животот. А на сите останати да им дадат волја за живот!
Исто сакав да им изразам поддршка на сите кои храбро се борат со карциномот, но и да им оддадам почит на оние кои ја изгубиле битката со него.
Коментарите се затворени