Што најмногу ве вади од такт?
А. Неоправдани критики, сеирџии, празни муабети.
Б. Комплименти кои вашиот партнер постојано ги упатува на друг(а)
В. Совети, рекапитулации, и пак совети како насоки во животот
Доколку верувате во пророштво, кому ќе ја подарите довербата?
А. Судбината е запишана, длабоко сте уверени
Б. Мудроста на древните кинески, индиски симболи
В. Нумерологија и астрологија, веќе се уверивте во тоа
Коцкање, лотарија, игри на среќа, за вас се?
А. Предизвик, па што биде нека биде
Б. Опуштање, ама и можност да се заработи
В. Возбуда, возбуда и сон за голема добивка
Како се лутите?
А. Подголтнувате и навредено молчите
Б. Поради бесот чувствувате конфузија во главата
В. Викате, ништо не може да ве сопре, што на ум, тоа на друм
На која игра би вложиле многу пари?
А. На рулет
Б. Купување на акции на берза.
В. Без нималку размислување, сите игри на среќа
Што најчесто губите?
А.Трпеливоста чекајќи во ред
Б. Авторитетот пред соработниците
В. Желба, доколку нешто не ви успее од прва
На што се сте подготвени за да успеете?
А. За вас ситните лаги и измами се допуштени.
Б. Со иронични забелешки ќе ги вознемирувате соработниците и ќе им влеете несигурност
В. Ќе тргнете во оштра битка, безмилосни сте затоа што целта ги оправдува сретствата
Како реагирате кога ќе ве прашаат за годините?
А. Како да не сте слушнале, разговорот го вртите на друга страна
Б. Не се срамите од своите години. Отворено кажувате
В. Ги намалувате годините и онака изгледате помладо
Што ве замислува?
А. Враќање во продавница за да замените купен предмет
Б. Одење на „печалба“
В. Позајмување пари на пријател. Не сакате да ги мешате тие две работи
Најмногу одговори под А
Се водите по инстинктот, во игра ве навлекува страста и поривот. Ве привлекуваат моментални задоволства, ги отфрлате мудрите совети, а вашиот темперамент ве води во хазардни игри , како што се рулет, лото, апарати за игри на среќа… Сметате дека судбината можете да ја промените кога ќе ви се погодат картите или кога ќе ви се заврти коцката. Цврсто верувате во тоа дека е доволно да играте лото за да се збогатите бидејќи имате среќна ѕвезда. Прашање е само денот кога ќе ја добиете главната награда, па веќе планирате далечни патувања и луда забава.
Најмногу одговори под Б
Умерени сте во се, затоа најпрво добро размислувате. Се сомневате во игрите на среќа, рулетот, прорекнување со карти … уверени сте дека се морате да заработите со свои раце. Се потпирате на своите способности. Не можете да подлегнете на коцкарската страст, тоа за вас значи да се откажете од себеси. Но дали сте чуле за поговорката :„ Кој рескира , тој профитира“?
Запомнете дека ниедна крајност не е добра, пронајдете средина помеѓу уживањето , забавата и ризикот.
Најмногу одговори под В
Уживате да ги одмерувате силите со другите, сеедно дали е тоа професионално или во играта „ Не лути се човече“. Амбициозни сте и понекогаш наметливи, до крајност ги ставате во искушение сопствените граници. Велат дека сте несмасни, не се срамите да нуркате во туѓите судбини и се да свртите во своја корист. Во секој случај, давате се од себе и во играта и во животот. Во состојба сте да ја искористите сета енергија, и непотребно да се исцрпите за, како што се вели, да ја поместите планината.
За вас најбитно е да блескате пред другите, бидејќи уживате во вкусот на победата. Ужасно лошо поднесувате губиток, го доживувате како казна поради која го губите образот.
Фото: Pixabay
Коментарите се затворени