Тиквата лекува и не дебели
Својствата на тиквата се познати во народната и службената медицина.
Хранливите и лековитите супстанции организмот лесно ги усвојува и апсорбира бидејќи тие ја поттикнуваат апсорбцијата на останатите хранливи вредности.
Тиквата е идеална за луѓето со болен желудник и црева. Делува на многу начини и ги олеснува тегобите од воспаление на дебелото црево.
Тиквата е совршен диуретик и се препорачува на луѓе со реуматски тешкотии, воспаление на мочните патишта, проблематични бубрези и жолчка.
Ефикасно го намалува холестеролот во крвта а облоги од свежо изрендана тиква се користат за ублажување на болки од проширени вени.
Маслото од семките на тиквата се погодни и за лекување на воспалителни процеси на простатата, а особено делуваат и при развојот на канцерогени промени.
Енергетската вредност на тиквата е мала, таа изнесува околу 111 кј, односно 26 kcal на 100 гр. Поради ниската калориска вредност многу е погодна за диетална исхрана, за дијабетичари како и за сите со болен желудник.
Делува смирувачки а воедно ја регулира и столицата поради содржината на пектин и целулоза.
Фото- Pexels
Коментарите се затворени