Тиква како торта: Не дебели, здрава е и многу блага
Зрелата тиква, со јаболчест или крушковиден облик, има сочно месо и изразито портокалова боја. Ја нарекуваат и македонска банана, вкусот и е сладок, блага е и многу здрава.
Покрај малку белковини, јаглехидрати и масти, тука се и витамините Ц, Е, К, провитаминот А и витамините од Б-групата, потоа ниацин и фолна киселина. Тиквата изобилува и со минерали, т.е. со калиум, фосфор, калциум и железо, а тука се и пектините, целулозата и другите билни влакна.
Во последно време бетакаротинот доби и значаен публицитет во научната литература поради повеќекратното дејствување на организмот. Тој го блокира формирањето на слободните радикали, а со тоа директно го спречува оштетувањето на структурата на ДНА-клетките, дејствува како силен антиоксиданс, што значи и дека го спречува развитокот на супероксидите и пероксидите.
Енергетската вредност на тиквата е мала, таа изнесува околу 111 кј, односно 26 kcal на 100 г. Поради ниската калориска вредност многу е погодна за диетална исхрана, за дијабетичари како и за луѓе со болен желудник и тенки црева. Во продолжение следи рецепт, што можете да го надополните со павлака, јогурт, печен ким, разни семки и сл.
Крем-супа од жолта тиква
Потребно е:
2 лажици маслиново масло
кромид, морков
400 г изрендана жолта тиква
500 мл вода
сол, црн пипер
Подготовка: На загреано масло испржете го ситно исечканиот кромид и морков, додадете ја тиквата, малку вода и гответе десетина минути додека тиквата не омекне. Испасирајте ја смесата и додадете го остатокот од водата, посолете и оставете да зоврие. За збогатување на вкусот додадете печени семки, павлака или јогурт.
Фото- pixabay
Коментарите се затворени