5.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025
spot_img

Фитомедицина. За секоја болест има билка: дополнителен третаман при канцерогени заболувања

Драган Јованов-доктор по фитомедицина и агроекологија, споделува заклучоци од едукативната трибина, посветена на придобивките од фитомедицината за превенција- лечење од карцином, каде што присуствуваа членови од невладината организација ,,Љубов сме/ Јеми Дашури“ .
Фитомединицата е наука во која се изучуваат лековитите својства на растенијата и претставува метод на лекување, одржување и спречување на болести и тегоби со употреба на цели лековити растенија или нивни делови (корен, лист, цвет и др.) во вид на чаеви, тинктури, етерични масла и екстракти. Современата фитомедицина не е ,,алтернативна медицина,, туку дел од научната медицина и ја чини основата за превенција и помош при одржување, подобрување и лекувње на разни болести кои го напаѓаат организмот.
Потребна е позитивна мисла, треба да се има волја. Слушајте ги стручните лица, не консумирајте се’ што ќе чуете и прочитате – советува докторот. Според него, фитомедицината ја сметаат за алтернативна, но вели дека тоа е погрешен пристап, бидејќи оваа медицина концизно кажува -како да се употребуваат растенијата како лек во наша полза.
Во западните земји фитомедицината е особено популарна на студиите по медицина, бидејќи таа се однесува на тоа како се земаат и се користат активните супстанци од природата.
Ракот е болест кај која абнормалните клетки се делат без контрола, тоа е подмолна болест. Во Македонија нема соодветен систем или апаратура што ќе укаже на такви промени во клетките, за разлика од западноевропските земји каде овие процеси во здравството се добро развиени. Врз основа на тоа, таму се одредува дали имате простор да заболите од некаков вид карцином.


Докторот советува: „Секој викенд практикувајте прошетка во природа- планина, езеро и слично“. За да се заштитите од канцерогени болест потребно е да го промените односот кон стресот, да спортувате, да се рекреирате, да дишете чист воздух. Храната и билките се нешто најевтино, а има многу бенефити од нив. Доколку чувствувате негативна енергија и сметате дека не можете да се движите, баш тогаш треба да станете. Борете се!
За секоја болест има билка. Така на пример, кај хормонски зависен канцер не е добро да се јаде брокула. Од друга страна, копривата не смее да се запоставува, бидејќи го крева имунолошкиот систем.
Пациентите го прашаа докторот дали е добро семето од коприва да се меша со мед, на што тој одговори дека наместо мед може да се употреби малтекс.
Во овој период се препорачува особено да се јаде калинка, која е доста корисна за простатата кај мажите. Се препорачува и чај од коријандер, особено кај пациентите што се уште примаат хемотерапија.
Седумдесет проценти од храната треба да се сведе на овошје и зеленчук, но да се внимава на плодовите кои имаат фитоестрогени. Кај пациентите со хормонски карцином тие треба да се консумираат поограничено. Во однос на ова ќе испрати листа дополнително, за да знае кое овошје- зеленчук e какво.
Најголем проблем според докторот е стравот. Работете на умот и ќе живеете подолго – порача тој!

За регулација на крвниот притисок се препорачува магарешки трн, кој е особено добар за црниот дроб.
Останати совети:
Да се пие пробиотски јогурт.
Да се користи стевиа наместо бел шеќер.
Иако мед не се препорачува, може да се користи матичен млеч.

Со употреба на лековитите растенија во организмот внесувате неопходни супстанци за вашето здравје (етерични масла, витамини, природни антиоксиданси, флавониди, минерали, ензими и др.) и задоволувате исклучиво важни сегменти од сложениот човечки биолошки систем, со тоа го зајакнувате вашиот организам, станува поотпорен, ги подобрувате метаболитичките процеси и ги одстранувате штетните материи од организмот и не постои дефицит од најпотребните материи. Успешноста е голема, но и заинтересираноста се зголемува се повеќе и повеќе.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена