6.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

„Фрајле“ најавуваат концерт во градот на конзулите: На 29 февруари ќе ја пееме „Битола мој роден крај“

Во Центарот за култура во Битола, на 29-ти февруари (сабота, 20 ч.) настапува познатиот новосадски женски квартет The Frajle. Kонцертот во градот на конзулите, преку социјалните медиуми Фрајле го најавуваат со симпатични видеа во кои ја пеат „Битола, мој роден крај“. Велат, секоја го прави она што најдобро го знае а одлуките што ги донесуваат се – заеднички. Желбите и амбициите им се исти и со голема подршка на публиката, овие енергични и шармантни дами веќе 11 години чекорат заедно, напред.

Марија, Наташа, Јелена и Невена.., како сте деновиве?
– Што се однесува до исполнетостата, духовноста- презадоволни. Во изминатите 11 години музичко патување го поминавме половина свет со својата музикa. На листата на нашите настапи се бројат и оние на 10.000 метри во авион, во Европскиот парламент, но и многу бесплатни концерти во болници и детски градинки..

Со оглед на убав, срдечен начин на кој сте прифатени во сите бивши републики на некогашната Југославија, вие сте нешто како спојување на земјата што повеќе ја нема. Шарм, топлина и носталгија.
– И ние така чувстуваме, се од Вардар па до Триглав. Прекрасно е што музиката нема граници и нашата публика со секој концерт е се поголема. Но, ни се јавуваат луѓе и од подалеку – Франција, Јапонија, Америка, Англија.. И, го следиме повикот, коферите ни се спакувани и секогаш сме подготвени- за нови територии!

Одлични вокали, акустични гитари, талент за глума, интересен музички перформанс. Има ли љубомора меѓу вас?
– Секоја од нас градеше свое музичко и животно искуство и пред да се случи бендот. Според дипломите ние сме од разновидни професии- правничка, психолог, професорка по француски и еколог, и во многуте нешта ги користиме своите знаења во оваа работа. Секоја го прави она што најдобро го знае а одлуките ги донесуваме заеднички. Желби, амбиции и цели ни се исти, па чекориме заедно, напред. Еден наш соработник рече- кога жените ќе се сложат, функционира целиот космос!
Така е и со нас.

Вашите настапи се паметат, наликуваат на кабаре, имате убави костими што совршено се вклопуваат со ретро името- фрајли…
– Ах, да костимите… Ги осмислуваме со тимот, кој е задолжен за нашиот визуелен идентитет. Костимите се во служба на музиката и сцената и уште на почетокот разбравме дека го зголемуваат ефектот на сцена и воведуваат во нашата малечка сказна. Инаку, фрајла значи госпоѓица, идеално име за бенд од Војводина и во нашата музика се препознава се – што слушавме, каде растевме, што сакавме.

Велите- имате тим на луѓе кои ви помагаат во работата. Кога нештата одат добро, лесно е со луѓето, но дали така беше секогаш?
– Се направивме сами, со напорна работа, знаење и усовршување. Со време направивме тим од млади креативни луѓе кои имаат иста визија како и ние. Така и ги бираме соработниците, музичарите, креаторите. Ни требаат многу луѓе за да го реализираме сето она што го гледате на сцена.

Вие сега практично го живеете својот убав, шарен сон. Што се сонувате?
-Нови песни, инспирација, полни сали и луѓе што на нозе ни ги дочекуваат песните, нови луѓе, дружби, предизвик, среќа, страст, но и тополината на домот..

Доаѓате од Нови сад, и совршено се вклопувате во сликата што ја имаме за војвоѓаните- како кротки, добри луѓе, полни со позитивна енергија. Такви ли сте надвор од сцена?
-Исти како на сцената. Енергијата што ја добиваме е приозвод на она што го даваме. Четири страни од светот, четири сензибилитети и различности, ама сигурно е и тоа некоја наша волшебна формула.

Има ли мажи во вашите животи?
-Се разбира. Тие ни се восхитуваат и се горди на нас што така машки сето ова го тераме и издржуваме!

Валентина Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена