Циметот го намалува шеќерот
Ако секогаш додавате цимет во десерт можете да го намалите нивото на шеќерот во крвта што се јавува по консумирање на благи работи. Причината лежи во тоа што цимет го забавува преоѓањето на храната од желудникот во цревата, што научниците го потврдија со помош на ултразвук. Шведските научници велат дека лица заболени од дијабетес од тип 2, по 40-дневно консумирање на цимет имаа забележено намалување на шеќер.
Патем, шеќерите често се нарекуваат и „празни калории“ зашто на организмот му даваат само енергија, а не обезбедуваат никакви вредни нутриенти. Прекумерното земање шеќери освен што доведува до зголемување на телесната маса, сигурно ќе доведе и до зголемување на нивото на масти и на шеќер во крвта, зашто шеќерот, како и алкохолот, ги исцрпува резервите на витамини и минерали, кои се нужни за регулација на нивото на масти и на шеќер.
Коментарите се затворени