Викенд колачиња
Колачиња со анасон
Со миксер се матат 2 јајца и 250 г шеќер, потоа една лажица рум, 1 лажица мелен анасон и сосема малку сол. Брашното се додава по малку, се додека тестото не добие компактна смеса. Се развлекува на дебелина од 2,5 милиметри, се сече во облик на срце и се посипува со семето од анисонот. Така направени срцата се сушат на собна температура околу 12 часа, а потоа се печат околу 15-20 минути на 150 Ц степени.
Тркалца од портокал
Се замесува тесто од 250 грама брашно, едно јајце, 12 лажици мед, 2 лажици млеко, 10 грама путер, 2 пакетчиња ванилин шеќер и рендана кора од лимон.
Подготвената смеса се става во ладилник да отстои околу 1 час, а потоа се меси тестото и се формира кора од која се прават тркалца. Се печат околу 12 минути, на температура од 170 степени. Во меѓувреме се лупат два портокали, се сечат на парчиња и се варат во жешка вода. Потоа им се додаваат и две лажици мед за да бидат слатки, се додека парчињата портокал не се карамелизираат. Две форми на тркалца се премачкуваат со карамелизираниот портокал и се слепуваат.
Коментарите се затворени