Chef Маре Јаневска: Телешка супа со зеленчук и домашни свилени резанци
Потребно е: 250г телешко месо со коска, свеж мешан зеленчук (кромид, морков, целер, пашканат, брокула, карфиол), ловоров лист, свежи резанци со јајца.
Телешкото месо се мие и се вари околу час и половина.
За тоа време се подготвува зеленчукот, се лупи, се сецка по желба, пожелно е брокулата и карфиолот да откиснат во ладна вода со малку сода бикарбона. Затоа и овие два зеленчуци се додаваат на самиот крај од готвењето, затоа што им е доволно да се варат само 2-3 мин, за да ја задржат својата хранлива вредност.
Значи, откако ќе се свари телешкото, се додава зеленчукот, се вари 15-ина минути и на крај се додаваат резанците, брокулата и карфиолот.
На крај се зачинува со сол, бибер и неколку капки ворчестер сос. Сецкан магдонос, додаден на самиот крај, кога веќе е завршено готвењето, исто така има големо значење за вкусот и квалитетот на овој природен антибиотик.
За изработка на домашните резанци, задолжен е Марче, кој вредно раководи со алатката за развлекување и формирање на тестенината. Мама само го подготвува тестото од бело брашно, или комбинирано бело со интегрално или ‘ржано, јајца, малку млеко или вода и маслиново масло. Тајната во подготовката е тоа што, тестото треба да се меси подолго време со додавање на мали количини брашно, потоа да одмори половина час во ладилник и добро набрашнето да се развлекува рачно или на машина.
Коментарите се затворени