* Кој не ги закопал своите илузии, тој не знае што е болен погреб.
* Кога ќе останете сами, свртете се кон она што никогаш нема да ве предаде – Господ и вашата душа.
*Сеќавање на среќа е исто среќа.
*Она што така самоуверено го осудуваме е најчесто она што е длабоко закопано во нас.
*Кога сте на исто рамниште со своето вистинско јас, тогаш вашата светлина им свети и на другите.
* Чуствителни, нежни женски души многу често потпаѓаат под манипулација дека се „себични“, и тоа кога не ги исполнуваат себичните идеи на оние што ги клеветат за себичност.
*За сите нас што ни е тешко да прифатиме дека навредите се наличје на нашето его: кога тоа ќе го решиме, ќе престанеме да се навредуваме и да тагуваме. Душата само сака а егото се навредува.
*Чувајте се од оние кои лажно го користат зборот „љубов“, а мислат на трговија, условување и страст.
*Со книгите е исто како со луѓето, го привлекуваме она што во тој момент ни треба, за зголемување на љубовта и духовниот развој.
*Секоја „наоко“ надворешна криза е манифестација на она што не го исцеливме во себе.
* Не не напуштаат луѓето туку илузиите, не не повредуваат најблиските туку нашите очекувања, не ни се скршија крилјата, туку уверувањата за тоа- што е љубов. Се што болеше, не беше љубов, туку страв, заблуда и врзаност.
Фото: Инстаграм