Најновото гастрономско истражување во Лондон во кое учествувале 240 испитаници покажува дека црвената боја на чиниите влијае врз намалување на апетитот. На учесниците во истражувањето им биле сервирани грицки и чоколадо во црвени, бели и сини чинии, а на крајот на тестот се покажало дека најмалку изеле оние што јаделе од црвени чинии.
Истражувачите укажуваат на тоа дека е голема веројатноста црвената боја да се поврзува со запирање и внимание, исто како што дејствуваат и сообраќајните знаци и црвеното светло на семафорот, и тоа потсвесно не` поттикнува да јадеме помалку. Организаторите на истражувањето потсетуваат дека при набљудувањето на истражувањето испитаниците не знаеле која е целта, што значи дека ефектот на црвената чинија има наполно несвесен карактер.
Фото- emmezeta.rs
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени