Шеф Светлана Цеце Димовска : Медени, чоколадни и колачи во лампиони
Медени новогодишни колачи
Потребно е: 1 кг. брашно, по потреба се додава брашно бидејќи тестото треба да биде цврсто, 150 гр.мед, 100 гр.путер, 30 мл.топла вода, 2 јајца, 200 гр шеќер во прав, 1 кафена лажичка сода бикарбона.
Зачини кои се употребуваат се цимет, ѓумбир и каранфилче а мерката за нив е половина лажичка (кафена).
Калапи за сечење се новогодишни, по ваш избор (чизмичка, елка, Дедо мраз…)
За декорација се користи фондан и прехранбени бои.
При изработка на колачињата ви треба многу креација, но кога ќе ги видите готови, задоволството е огромно.
Новогодишни чоколадни колачи
Потребно е: 1 бело чоколадо, 300 гр чоколадо стопено на пареа, 300 гр лешници сецкани, 2 лажици мед, 2 лажици путер, 4 лажици шеќер во прав, 2 -3 лажици мелена плазма од лешник, малку сок од цеден портокал.
За формирање на фигури се користат силиконски калапи.
Црно чоколадо
Потребно е : 300 гр чоколадо стопено на пареа, 150 гр сецкани бадеми, 150 гр сецкани ореви, 2 лажици путер (50 гр), 4 лажици еурокрем и 4 лажици плазма.
Силиконските калапи се премачкуваат, а формите со чоколадо се ставаат во фрижидер за да чоколадото се стегне. Од другите намирници се формираат бомбици што се ставаат во модлите со чоколадо и повторно се полеваат со чоколадо и се враќаат во фрижидер да се стегне убаво .
Декорација со чоколадо – во силиконски калапи се полева стопено чоколадо, се става во фрижидер за да се стегне и откако се извадат од модлата, се лепат врз колачињата.
Крајниот ефект се добива со премачкување со златна или сребрена прехранбена боја.
Чоколадо со мента во лампион
Потребно е : 300 гр чоколадо, 30 гр мента во прав, 100 гр млеко во прав, 30 гр путер и 150 гр шеќер во прав. Задолжителни ви се лампиони, и шприц за пишување со чоколадо,
Во специјалните провидни лампиони, до половина се полева чоколадо (со шприц) и потоа се ставаат во фрижидер. Филот од мента се става во
Коментарите се затворени