Шеф Снежана Ангеловска: Чоколадна торта и најубавите благи за празниците
Портокалада
Потребно е: 500гр коpи за пита, 4 јајца, 150 гр. шеќер, 350мл. јогурт, 280 мл зејтин, 3 лаж. рендана кора од портокал, (3-4)портокали и 20гр прашок за пециво.
Јајцата и шеќерот се матат и се додаваат останатите состојки. Корите се цепкаат и оставаат да се просушат еден час пред подготовка. Секое парче се потопува во филот и се става на со маргарин премачкана тава.
Се пече на 180 степени околу 30-тина минути.
Шербет– 600 гр шеќер, сок и коpа од 4 портокали и 600мл вода.
Чоко-трафлс чили
Земете 200 гр чоколадо, 100 мл слатка павлака, 1 лаж чили во прав.
Се топи чоколадото и се остава да се излади.
Со мало лажиче се зема од смесата се оформува мало топче и се валка во темно какао.
Флоганарде…вкусна пита со модри сливи
Во тавче 26 см се става хартија за пeчење и се мачка со маргарин.
Се посипува со презла на која се редат модри сливи или компот од нив. Се попрскуваат со кафеав или ванилин шеќер и малку цимет.
Смеса
Се миксира 1 јајце и 2 жолчки сол , се додаваат 100 гр шеќер и 200 мл. слатка павлака, 100 мл млеко, 1лажица рум, 150 грама брашно и 10гр. прашок за пециво .
Се сипува преку сливите и се пече на 180степени, 30 минути.
Чоколадна торта
На почеток изматете 8 белки со 8 лажици шеќер.
Се додаваат 4 лажици топено чоколадо, 4лаж. темно какао , 4 лаж.презла и 2лаж. брашно.
Потоа се пече на 180 степени околу 7-8 минути.
Фил
Се растопува 100 гр. темно какао, 200 гр темно чоколадо, 100 гр шеќер и 100гр вода и се остава да се лади.
На пареа се матат 8 жолчки со 100 гр шеќер во прав.
Се мати 250гр путер и да додаваат жолчките и оладената чоколадна смеса
Се филува тортата и се декорира со чоколадни украси
Јаболко колач -посен
Се меша 500 гр посен мелен бисквит со 250 гр маргарин (растопен), 250гр шеќер, 200 гр чоколадо, 50гр темно какао. Потоа се додаваат 500 гр исчистени и изрендани јаболки, претходно исцедени, 200 гр сецкани ореви, 100 гр сува брусница, 100 гр запечени лешници.
Колачите се оформуваат по желба и се преливаат со чоколадо.
Елка од профитероли
Тесто за профитероли: Се зоврива 150 гр путер, 300 мл вода и малку сол, се додаваат 150гр брашно и 4 јајца и се пече на 190 степени околу 10 минути.
Се полнат со фил од ванила, направен од претходно сварен ванила- пудинг, изматен со путер.
Коментарите се затворени