Што читам: Пенка Мукаетова
Во овој период, би кажала- деликатен момент, на сите ни треба и сила и верба и дополнителна мотивација, и токму затоа најдобро друштво се книгите. Да не отргнат од секојдневното лудио, да не инспирираат и однесат на далечно патување во некој поубав Универзум.
Деновиве ја читам и препрочитувам, книгата која го растресе финансискиот свет „Богат татко, сиромашен татко“ од неповторливиот Роберт Киосаки. Преку лична перспектива за тоа како функционираат парите, не учи како да работиме на сопствената финансиска интелегенција, како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник. „Богат татко, сиромашен татко“ е почетна точка за секој што сака да има контрола над својата финансиска иднина.
Предизвикот на секој претприемач е да ја пронајде формулата, да размислува како милијардер, да почне така и да се однесува, за на крај- да стане еден од нив. Дефинитивно е запишана од таткото на целата мотивациска литература Наполеон Хил во неповторливата „Мисли и збогати се“. Никогаш не е на одмет да се прелиста по незнам кој пат.
За денот да биде уште поубав, секогаш има место за повеке насмевки. Како? Со „На своја кожа продолжи со насмевка“ од Мирослав Драганов, задолжително четиво за сите генерации. И затоа ја препорачувам- секогаш и во секое време нека ви биде верен сопатник.
Коментарите се затворени