Што читам: Тања Турунџиева
Конечно имам време за дома. Станувам подоцна, цел ден сум во дружба со мојата наука. Претежно читам стручна литература, пишувам со керќичката домашни и – учам германски. Секојдневно се слушам со синовите и сопругот, кои се во странство. Многу ми недостасуваат!
Седам дома, готвам здрава храна и усовршувам нови рецепти… Попладне си работам со тие што ми се на режим на исхрана. Времето ми е целосно исполнето.
Препорачувам секој што може да седи дома!
Да бидеме дисциплинирани, да почитуваме препораки, да останеме позитивни и здраво да се храниме.
Коментарите се затворени