Што читам: Ребека Јанковска- Ристески
Тукушто ја завршив „Монах Калист“ од Миливоје М. Јовановиќ. Станува збор за биографска книга за српски монах, кој се раѓа во едно село во Србија и како младо момче доброволно оди во војска и учествува во првата и втората светска војна.
По неколку невообичаени искуства и виденија решава да оди во манастир. Првин заминува во Св.Наум Охридски, а бил монах испосник во пештерите на змискиот остров Преспанско Езеро и долги години е во Македонија, потоа на многу места во Србија е градител на цркви, манастирски комплекси.
Тој постојано се бори со своите лоши помисли, постојано е во потрага за висока духовна зрелост и ќе рече дека, доколку луѓето(мирјаните) би знаеле колку е човек среќен кога ќе се осами во пост и молитва, сите би посакале да се монаси.
Калист никогаш не се кае за тоа што го одбрал монашкиот живот. Го сака животот и толку многу верува во Господ Исус Христос, решавајќи ги сите дилеми и искушенија во разговорите со Бога.
Книгата изобилува и со историски факти и обележја од животот на луѓето во периодот од 1910 до 1991 година. Монах Калист живеел 95 години и се упоколил во манастирот Жича, Србија, предвидувајќи го својот крај. Последната реченица која ја кажува гласи „САКАЈТЕ СЕ И БОРЕТЕ СЕ!!!
Следна книга која вчера ја започнав е на Отец Стефан Санџаковски, „Богомислие“.
Коментарите се затворени