Конечно одмор на планина: уживам во мир, тишина и снег. Сега имам време за учење кинески (како надополнување на пропуштеното заради обврските минатата година). Можеби некој има повеќе време за читање книги и со тоа го исполнува секојдневието во изолација, но јас сум повеќе насочена кон изучување на кинескиот јазик и тоа ми одзема многу енергија. Ама деновиве го имам целото време на светот и на мојот репертоар е и понекоја книга.
Пред една недела ја прочитав „Последниот христијанин“ од Исидора Бјелица. Ми се допадна, особено затоа што ја сакам Исидора.
Деновиве сакам да се навратам, по којзнае кој пат на Орвелова „1984“.
Инаку, уживам во моментите кога сум во мир, дури и кога не е ваква состојба, имам обичај и во нормално време да се осамам и да и овозможам убавина на душичката.