Концерот што многумина го очекуваат со нетрпение е настапот на Јелена Розга во Скопје, закажан на 10 февруари во арената „Борис Трајковски“.
Инаку, концертната дружба со македонската публика е во склоп на турнејата „Минут срца мог“, во чии рамки Розга веќе одржа низа спектакуларни концерти во регионот.
– Музиката ми ги креираше патеките по кои се движев, зашто музиката е императив, почеток и смислата во животот. Како и секогаш, поведена од сопствената интуиција, ги пронаоѓав луѓето и вистинското време, кога одредени нешта треба да ми се случат… Многу сум почестена и среќна и немате поим колку ќе бидам возбудена на концерт тука во Скопје“, изјави Јелена Розга на неодамнешната средба со претставниците на седмата сила .
Видно возбудена и со треперлив глас, Розга рече дека концертот во Скопје ќе биде со многу изненадувања и дека сите ќе уживаат.
Кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации, е позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, а нема сомнеж дека и низ арената во Скопје ќе прозвучат хитовите од нејзината соло кариера („Бижутерија“, „Окус ментола “, „Нирвана“, „Соло играчица“, „Цунами“), но и оние што ги пееше додека беше во групата Магазин.
Сплитската пејачка ја започна својата кариера на 16-годишна возраст во популарната група „Магазин“ каде што остана десет и пол години, по што започна соло-кариера.
„Десет и пол години бев пејачка на групата ’Магазин‘. Заминав по сопствена желба. Имав голема цел и желба да продолжам соло. А понатаму се` тргна од ’Бижутерија‘ во 2010 година, кога се претставив на Сплитски фестивал. Кога првпат ја чув песната реков: Тоа е тоа! Навистина ми се допаѓа! Имаше разни коментари околу „Бижутерија“, но публиката ја одбра песната и година потоа ’Бижутерија‘ доби Порин за хит на годината“, а и денес е мега слушана- објасни Розга.
Јелена смета дека само со голема љубов, упорност и трпение може да се успее во шоу-бизнисот. Нежна и кревка ја откри тајната на нејзината вита става- медитеранската исхрана и секако генетика.
Спектаклот ќе биде заокружен со врвната аудио-визуелна продукција потпишана од Скајмјузик продукција.
Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје се пуштени во продажба, и тоа преку www.efinity.rs, преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места.