6.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Јулија Мациевска, животен тренер за личен раст и развој, енергетичар и мотиватор: Духовноста и религија

Често пати ми се случува, во врска со темите за кои пишувам или ги обработувам во мојата емисија ,,Будење со Јулија“, каде што неминовно се потпирам на Бог, некој да ми каже: И јас постојано одам во црква, многу сум религиозен.“
Кога ќе речам- но, духовноста не значи и религија, тогаш се наоѓаат во чудо и почнуваат да ми објаснуваат се околу обичаите и тоа колку веруваат во Бог и се предадени на религијата, па неминовно ќе се надоврзат на друга религија и тука започнуваат просудувањата – која религија е вистинска.
Сите ние припаѓаме на некоја религија, и тоа е сосема во ред. Но духовноста е многу повеќе од тоа. Дипрак Чопра ќе рече: Религијата е верување во туѓо искуство, додека Духовноста има свое искуство.“


Уште од многу мали слушавме: ,,Бог ќе те казни“, ,,Зарем не ти е страв од Господ“, ,,Господ ќе им врати, Господ ќе им суди“…се нешто не заплашуваа со Бог. И, наместо да веруваме во Бог, ние се плашевме од Бог или верувавме поради стравот, за да не бидеме казнети од тој истиот Бог.
Никој не ни кажа како да го сакаме Бог и како со љубов да веруваме во Него, а не со страв. Никој не ни кажа, дека за да го сакаш вистински Бог, треба да се ослободиш од стравот. Да се сакаш себе си, треба да се ослободиш од стравот. Од стравот дека си грешен и дека ќе бидеш казнет поради тоа.
И така повеќето религиозни луѓе од страв одат и се молат во црквите, џамиите, храмовите, а во срцата скаменети од страв, и не можат ни да се доближат до љубовта, која и кога ќе пламне, повторно ќе биде загушена од стравот.
Луѓето размислуваат за духовноста како за нешто многу мистериозно и чудно.Тие духовноста ја поистоветуваат со религијата, во недостаток на знаење и стравот од манипулирање, кога се во прашање не-материјални предмети.
Вистината е дека духовноста е нешто најприродно што постои, затоа што тоа едноставно е самосвесно спознание, дека сте многу повеќе од самото тело, дека сте всушност душа во тело, со бесконечен потенцијал.
За разлика од слепото следење на одредена идеологија и нејзините правила, духовноста ви овозможува да го следите своето срце, ве поттикнува да ја слушате својата интуиција и да го правите она што е вистинско за вас и за тие околу вас. Духовноста ве ослободува, со тоа што ве учи да бидете добра личност, без страв од казна или пак награда.
Наградата е едноставно вашата внатрешна среќа.
Духовноста се темели само на љубовта, а не на стравот. А низ историјата на религијата има многу страв. Страв ако не го живеете животот во согласност со религијата, страв од последиците на она што го правите, страв од она што ќе се случи откако ќе умрете…страв,страв.


Во духовноста постои само љубов.Таа ве учи и поттикнува да ја насочите својата енергија само на добро и да дејствувате само од позиција на љубов. Тоа е клучниот момент во духовноста- љубовта, затоа што ниту еден избор од позиција на страв, нема да биде добар за вашата душа.
Само одлуките од позиција на љубов ќе ве охрабрат и ќе ја нахранат вашата душа.
Религијата раздвојува а духовноста обединува.
Во светот каков што е, постојат многу религии и сите тие проповедаат дека нивната приказна е онаа вистинската. Духовноста ја гледа вистината во секоја од нив и ги обединува, затоа што вистината е една и апсолутна за сите нас, без разлика на различностите.
Духовноста е сконцентрирана на квалитетот на Божествените пораки, а не на разликите кои ги потенцираат религиите.
Што е Карма а што Казна?
Религиите учат дека треба да се плашиме од казна, или пак од пеколот, додека духовноста зборува за Карма, а Кармата не е ништо друго освен Законот на привлекување. Го добивате она што го давате, толку едноставно.
Духовноста ве учи да создадете свој сопствен пат и сопствени приказни. А тоа ве поставува на патот на просветлението, на кој само вие можете да си ставите ограничувања. Тоа ве поттикнува да го следите вашето срце и да верувате дека ќе стигнете на вистинското место за вас.
Иако сите религии не учат на љубов, сепак тоа некако останува во позадина, кога ќе слушате за Божијот суд, за казна, за пекол… Иако во суштина сите религии потекнуваат од длабока духовност.
Сите религии имаат вистина во себе и сите луѓе, без оглед на каква религија припаѓаат, можат навистина да бидат во исто време и религиозни и прекрасни души, но во суштина, се што ги раздвојува луѓето или создава поделби, не е добро за сопствената душа, а во крајна линија и за човештвото.
Духовноста не потсеќа дека не сме оддвоени, дека нема граници, таа не ги дели луѓето на раси, нации, јазици, култура. Се потпира на вистината, која постои во секоја света книга, дека сите сме едно, и единствено нешто што е константно е Љубовта.
Бог е Љубов, и, ако е Бог- Љубов, зошто тогаш да се плашиме од истиот Тој Бог, кој е Љубов и е еден за сите? Кога така ќе ја видиме пошироката слика, ние во исто време можеме да припаѓаме на одредена религија, без да создаваме илузија дека сме подобри од другите, да ѓи прифаќаме сите луѓе, зашто шареноликоста ни е дадена од Бога и секако- да бидеме и шириме Љубов.

7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена