6.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Јулија Мациевска, животен тренер за личен раст и развој, енергетичар и мотиватор: Време е за будење, драги мои луѓе!

Оваа Корона навистина има за цел да не разбуди. Оти, колку и да зборуваме ние, колку и да работиме, индивидуално да се освестуваме, колку и да има на иљадници светлосни работници по светот- кои одамна освестија дека постои нешто многу повеќе, кои со години пишуваат книги, говорат за Бог, за Божествената енергија, за Безусловната љубов, за простувањето, за понизноста, за Божествените закони, за давањето-примањето, за сомилоста, за добрите дела.., и сето тоа е многу одамна нспишано во Светите книги, но човечкото его толку многу порасна, што мисли дека е семоќно, дека може се и дека тоа се приказки кои ги раскажуваат некои „будали“, кои себеси увртеле нешто во глава, па изиграваат мали Богови, пропаѓирајќи некаква си љубов, кога љубовта реално и не постои. Каква љубов, ова е време кога треба што повеќе да се зграби, да се има што подобар статус ,да се обезбедиш себеси, не бирајки средства, оти така работат- „паметните луѓе“.
Кој го шиша таму некој, кој што не може да се снајде. Нема време за чекање,мора да се зграби се што може сега, зашто се оди со светлосна брзина и животот поминува. Направи некоја превара, далавера, некој бизнис и набрзина заработи. Кому му е гајле како си успеал, важно е да се успее-целта ги оправдува средствата.


И сега, кога се живее така забрзано, кој има време да размислува или да му помогне некому кој е во невоља…Невољата стана токлу банална работа, тоа не е во мода, туку- најдобро бегајте од тие кои се во невоља…
Но човекот се буди баш кога е во невоља, баш кога ќе го допре дното. Кога ќе дојде во толкава голема невоља, од која или излегува како нов, или ќе се откаже и ќе реши да ја омори својата душа, на ,,оној свет“, се до некоја наредна инкарнација.
И како работат Универзалните Закони, кога ќе се насобере преголема негативна енергија, било да се работи за индивидуа или на колективно ниво, таа енергија мора некаде- првин да се натрупа и еден ден, кога балонот ќе се пренадува, тој мора да пукне и да тргне…
Е па така оваа Корона тргна, да не освести на планетатно ниво, да сватиме колку сме мали, да сватиме дека е џабе трчање по пари- заради престиж, заради лажни величини, заради измислени и увртени вредности, заради надувано его, во замена за љубовта, за играње разноразни улоги, за кои и не сме свесни…
Корона го фрли светот на колена, оти тој истиот свет заборава, барем еднаш во годината да клекне на колена и да му се заблагодари на Бога за своето постоење, оти мисли дека е нормално да се постои и дека постоењето зависи од него, оти тој е контролор над својот живот и на се што му се случува во животот.
Е па еднаш мора да свати, дека не може да се контролираат работите кои не се по Божествените Зскони. Постои Некој кој ја измислил и завршил Божествената креација, која- за да биде совршена, како што е замислена, мора да биде чиста, оти е дојдена од ЧИСТАТА АПСОЛУТНА СВЕСНОСТ-БОГ.


Затоа е ова време на колективно будење. Да го разбереме ова што всушност и е, како најголема Божја милост, да се приклониме кон Бога, да освестиме што значи понизност, да ја освестиме својата немоќ, но и својата моќ, кога се потпираме на Бога.
Да сватиме дека сите сме едно, да се свртиме кон себе си, кон своето себство, кон своите семејства. Да успориме, да сочувствуваме со сите души на глобално ниво, да освестиме колку малку ни треба за живот, но колку ни е животот скапоцен, колку здравјето ни е најголем благослов и колку треба да им помагаме на другите во невоља.
Да освестиме од што е исткаен човекот, да освестиме дека сме енергија и дека кога таа енергија ќе се обедини за добро, кога таа енергија расте, како енергија на ЉУБОВ, може да ја исчисти онаа деструктивна, која земала замав.
Затоа сега луѓето масовно пеат, го отвораат своето срце за љубов, со песна. Ја јакнат моќта во себе, за да ја подигнат својата добра вибрација, својот дух, оти духот е моќ. Духот е исцеление. Душата најдобро знае- душата и треба да пее. И се што доаѓа од душата, има вистинска моќ. Оти душата е ЧИСТА ЉУБОВ-ИЗВОР.
Така било одсекогаш кога доаѓало до големи промени, и низ војните и низ разните невољи- луѓето пееле, душата пеела, душата се отварала за љубов…за лекот кој лечи се…ЉУБОВ…
Оти што може да изгубите, кога ќе сватите дека за секунда можете да се изгубите себеси, можете да изгубите се. А што можете да добиете со отпор, со кукање, со страв…ништо, ама баш ништо.
Можете само да Му се препуштите и предадете на Бог, со потполна доверба, дека од ова ќе излезете појаки, посвесни и прочистени и само кажете: ТИ БЛАГОДАРАМ ГОСПОДИ, НЕКА БИДЕ ВОЉАТА ТВОЈА!!!
П.С. А длабоко во себе знајте дека Божјата воља е ЉУБОВ, МИЛОСТ, МИР, ЗДРАВЈЕ, ИЗОБИЛИЕ.
БОГ Е ЉУБОВ!
7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена