КИНЕНОВА: Бранка Катиќ и октомври во знак на „Прво филм“ на Телевизија 24
Денеска во салата на Делегацијата на Европската унија во Македонија во Скопје се одржа прес конференција посветена на Меѓународниот фестивал „КИНЕНОВА“, што изобилуваше со уникатност и разноликост.
На прес конференцијата се обратија Небојша Јовановиќ, директор на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ и Игор Анѓелков, програмски директор на фестивалот, кои што ексклузивно ја објавија ја програмата на КИНЕНОВА за оваа година.
Директорот на меѓународниот фестивал, Небојша Јовановиќ го најави почетокот на петтото издание на КИНЕНОВА, кој што ќе се емитува на Телевизија 24 од 1-ви до 31-ви октомври и официјално од 8-ми до 18-ти октомври под мотото ПРВО ФИЛМ.
„Годинава ја имаме можеби најобемната и најквалитетна програма до сега. Филмовите се поместени во 11 програмски целини и тоа: Главна натпреварувачка селекција-Меѓународна конкуренција, Киненова ретроспектива, Посветено на Фернандо Труеба, Посветено на Билјана Гарванлиева, Фокус на Австрија, Награда Лукс на Европскиот парламент, Киненова независни, Киненова специјал, Вон конкуренција, Меѓународна конкуренција на куси филмови, Македонски куси“, изјави директорот Јовановиќ.
Игор Анѓелков, програмскиот директор на фестивалот изјави дека КИНЕНОВА се приклучува на светскиот тренд кој се наметна и води кон тоа фестивалската програма да се прикажува на телевизија за да можат што повеќе луѓе да видат што нуди Меѓународниот филмски фестивал.
Беа објавени и имињата на членовите на двете фестивалски жирија. Голем куриозитет е што оваа година претседател на главното фестивалско жири е прославениот полски режисер Кшиштоф Зануси. Членови на истото жири се: бугарскиот наградуван режисер Драгомир Шолев и Керем Ајан, директор на најголемиот филмски фестивал во Турција, Истанбулскиот филмски фестивал.
Освежување на средбата со новинарите беше директното вклучување на овогодинешната ѕвезда на фестивалот, актерката Бранка Катиќ.
„Навистина верувам дека треба да не поврзува нешто во што навистина сме добри и да учиме од другите, да сме отворени кон другите размислувања и други агли на гледање на нештата, отколку постојано да мислиме, ние сме најдобри, никој не е добар како нас и затоа сите ни се непријатели.
Не можеш да го игнорираш општествотот во кое живееш и она што во него навистина се случува. За мене би било потполно сеедно кој е на власт се додека гледам дека таа власт и таа влада се грижи за својот народ. Не знам како е кај вас, но мислам дека не сме толку политички зрели, сметам дека немаме толеранција, немаме слободни медиуми, слобода на изразување, едноставно немаме простор каде би слушнале поинакви мислења, а тоа веднаш да не биде сфатено како некаква критика на власта. Јас растев во социјализам и многу убаво растевме. Растевме во Југославија и тоа беше многу убава земја. Родителите добиваа станови од претријатијата за кои работеа, тоа беа тогаш државни фирми, се сеќавам дека здравствените домови беа чисти, лекарите насмеани, факултетите беа бесплатни и тоа како успех имаш на училиште одлучуваше какво место добиваш на листата на факултет, а не дали имаш пари да платиш или не. Тешко е од таков социјализам да се премине во овој премин, не знам веќе каде сме-квази неолиберален капитализам. Тешко е затоа што сите ние сме некако така воспитувани- дека сите сме еднакви и јас во тоа верувам. Верувам дека секоје човечко суштество треба да има еднакви можности и дека треба да се почитува секој човек.
Јас на тоа се сеќавам-дека ние навистина не мразевме никого, ниту Хрвати, ниту Муслимани, едноставно никој од мојот круг пријатели во Белград никогаш немал чуство на омраза кон било кого. И жалам што не успеавме да направиме нешто повеќе. Искрено жалам за она што му се случи на Сараево и на сите луѓе кои страдаа во таа војна затоа што секогаш постојат невини луѓе кои никого не мразат, но страдаат многу повеќе од оние кои подбуцнуваа, рече меѓудругото шармантна актерка.
Коментарите се затворени