Во Бејрут, Либан се одржа изборот „NEXT WORLD Топ модел“ за 2020 година со учество на околу 40 модели од исто толку држави од целиот свет.
Нашата претставничка Андријана Илиоска направи голем успех освојувајќи второ место: и припадна титулата Прва придружничка.
Лиценцата за Македонија за овој избор ја поседува Модното студио Црнокрак, кое во Либан ја искористи можноста за средби и договори со скаути од целиот свет, кои присуствуваа на финалето, за ангажирање на нашите модели во разни интернационални модни агенции.