Јуле Николовска, пејачка со впечатлив вокал и атрактивен изглед, со потегот што го направи, загриза сериозно, демонстрирајќи дека зад нејзината сензибилност се крие голема сила и храброст. Освен што деновиве ја промовира песната „Голтка љубов“, Јуле го издава и двојното цеде, создавано во актуелното време на пандемијата, но правено со огромна љубов, посветеност и пред се, професионалност.
Албумот е вистински антидепресив: многу песни и многу пораки за величање на животот, за се што во меѓувреме заборавивме а не прави радосни и цели, и наскоро ќе биде достапен за широката публика…
А „Голтка љубов“ самоуверено го трасира патот до слушателите.
Она што е вредно да се спомне е дека Јуле самата ја напиша песната, мастерот го направи Љупчо Соколовски- „Сити Саунд студио“ а видео записот е дело на „Blackmagic Studio“ на Никола Автовски.
Приказната на песната се случува во ресторанот „Green garden“, каде настапува нашата хероина, заедно со колегите од „Арија бенд“, Дарко Илиевски, Никола Автовски. Глетката е привлечна а „Голтка љубов“ навистина звучи добро.
Патем, за убавината не треба многу: голтка по голтка, како кога се пие вино, песната ќе го фати секое делче од вас, а сугестивната интерпретација на Јуле ќе ви се пикне под кожа, копнежливо и моќно, како што прави љубовта.
7дена.мк