6.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Совршена комбинација :„Трепет“, новата песна на Sarah Mace и Eye Cue

Дружењето и музиката си го направија своето, споија уметници кои создадоа интересно музичко дело: Sarah Mace и Eye Cue снимија заедничка песна и уникатен видео спот. Песната е насловена како „Трепет“, за како што велат тие, да влезат со трепет во есента.
Песната е на Сара од пред неколку години, кога на Макфест е изведена од Тања Би, со аранжман на Дамир Имери. Идејата да се направи соработка за неа потекнала од Бојан, а премиерно е отсвирена од Сара и Eye Cue на Skopje Unplugged 2020.
„Бојан и Марија често пати ми зборуваа за оваа песна. Ова лето го искористивме слободното време кое што го имавме повеќе од вообичаеното, ја стокмивме „Трепет“ и ја отсвиривме премиерно на Skopje Unplugged 2020. Ни се допадна изведбата и како сето тоа звучеше, па решивме да ја крунисаме со спот за да влеземе со трепет во есента. Ова е за сите оние кои што знаат да уживаат и се среќни со тоа што го имаат“, изјави Сара за настанувањето на „Трепет“.
Звуците на харфата на Сара и гитарата на Бојан даваат уникатен призвук кој смирува, а нивните гласови се совршена комбинација за целосно уживање во овие есенски денови.


Музиката и текстот на песната се на Сара, со заеднички аранжман на Eye Cue и Сара, а е снимана во „Подрумот“. Видео спотот го направи Кристијан Шемко, а е сниман на локации од убавините од село Бојанчиште.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена